Законски не е можно претседателот да ги помилува осудените за нападот на Собранието на 27 април 2017, смета премиерот Зоран Заев.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе. Парламентот може во иднина да даде такви права на претседателот, но во моментов такво право не постои“, изјави Заев.

Неколкумина осудени за случајот „27 април“ во изминатиот период поднеле барања за помилување до претседателот Ѓорге Иванов, потврдуваат од кабинетот на претседателот за „Фокус“.

ОСУДЕНИ ЗА „27 АПРИЛ“

Митко Чавков-18 години

Душко Лазаров-15 години

Горан Ѓошевски-Леви-15 години

Митко Пешов-15 години

Оливер Поповски-13 години

Мунир Пепиќ-15 години

Абдуљфета Алими-7 години

Оливер Радулов-10 години

Игор Дурловски- ослободителна пресуда

Јане Ченто-15 години

Игор Југ-12 години

Александар Василевски-Нинџа-8 години

Никола Митревски-Кољо-15 години

Младен Додевски-12 години

Горанче Ангеловски-12 години

Влатко Трајковски-15 години

Вилијам Михајловски-14 години