Ненадејно, вчера на 65 годишна возраст почина Алајдин Демири.
Алајдин Демири (роден 19.12.1954) , студирал социологија во Сараево (1973-1977), а потоа во Скопје (1977-1978) работел за ТВ станици како извесувач и коментатор и подоцна до 1988 како гимназиски професор по социологија во Тетово. Студирал 1990-1995 француски јазик во Швајцарија, а потоа се вклучува во органите на Партијата за демократски просперитет.
Во 1997 беше избран за градоначалник на Тетово. Од 2000-2002 беше амбасадор на Република Македонија во Швајцарија .
Последните десетина години беше активен како политички аналитичар и речиси секојдневно ги анализираше политичките состојби во Македонија.
Comments are closed for this post.