Вечерва почина првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски, објави сегашниот прв човек на општината Дарко Костовски.

Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните. Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината. Или како што милуваше да рече „Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација“.

 

За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината. Почивај во мир! –објави Костовски.