Од корона почина Соња Ракочевиќ, една од најдобрите докторки  на Косово. Таа имаше 48 години беше педијатар и кај неа се лечеа и Албанци и Срби. Таа често одеше и во најодалечените села на Косово да им помогне на стари и млади.

Затоа во Митровица се потресени од смртта на Соња која покажа дека хуманоста не познава вера и нација и оти е најважно да бидеш човек.