Почина човекот што беше заробен при пожарот во дуќанот за мотори на улица „Јордан Мијалков“ зад Рамстор, информираат од министерството за здравство.
Тој во моментот на избувнување на пожарот бил во продавницата, а пожарникарите не успеале да го извлечат од запалениот објект.
Добивме информација дека едно лице починало во пожарот. Тоа што го знаеме во моментов е дека станува збор за млад маж – изјавија од министерството.
Во пожарот има и најмалку еден полесно повреден, кој е веднаш пуштен на домашно лекување.
Comments are closed for this post.