Од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување се повлекол и Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, кој е дел од владеачката коалиција.

Оваа информација за Прессингтв  ја потврди директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Поповски.

Отказ денеска даде и  мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов  од своето работно место  од струмичкиот Централен регистар.

Претходно Костадинов објави дека ниту тој ниту СДСМ имале некаква врска со нејзиното вработување и дека била вработена на најтранспарентен начин.