Од работното место во Агенцијата за супервизија на осигурување се повлекол и Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, кој е дел од владеачката коалиција.
Оваа информација за Прессингтв ја потврди директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Поповски.
Отказ денеска даде и мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов од своето работно место од струмичкиот Централен регистар.
Претходно Костадинов објави дека ниту тој ниту СДСМ имале некаква врска со нејзиното вработување и дека била вработена на најтранспарентен начин.
Comments are closed for this post.