Портпаролката на грчката Влада Аристотелија Пелони го предупреди Зоран Заев дека го крши Преспанскиот договор кога го спомнува „македонскиот фудбалски тим“, без да ја користи придавката „северна“. Заев и неговите министри инсистираат дека со договорот од Преспа добиле дозвола да ја користат придавката „македонски“, но очигледно дека Грција не мисли така. Пелони го предупреди Заев дека неговото користење на придавката „македонски“ може скапо да ја чини Македонија во и онака закочениот процес на евро-интеграции.
– Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор во духот во кој е потпишан. Го повикуваме господинот Заев да се воздржи од ширење реторика на поделби, особено во чувствителни прашања како што е фудбалот. Во секој случај, спроведување на догоорот е еден од критериумите за приемот на таа земја во Европската Унија, изјави Пелони.
Заев вообичаено како никој друг политичар од Македонија го користи името „Cеверна Македонија“, но во периоди кога се обидува да настапи по-патриотски, Заев уфрла по некое „македонски“. Во конкретниот случај за кој реагира Грција, за време на натпреварот Македонија – Холандија во Амстердам, Заев објави твитер порака во која рече дека е на стаддионот во Амстердам и дава „силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“.
Заев инсистираше дека ова е дозволено според Преспа – да се каже „македонски“ за поими како што е македонската култура, македонскиот спорт и слично. Но, очигледно дека ова не му е одобрено од Грција, односно дека се работи за уште еден пример Заев лажно да го претставува Преспанскиот договор во позитивно светло. Тој тврдеше дека со договорот Грција се согласила Македонците да ги именува како Македонци, ни го признала јазикот и ни дозволила да ја користиме придавката „македонски“, како и дека се отстрануваат сите пречки на патот кон ЕУ. Сите овие ветувања се покажуваат како лажни, особено во текот на годинава.
За време на Европското Првенство, Грција реагираше и на дресовите на македонската фудбалска репрезентација, на кои е логото на Фудбалската Федерација на Македонија. Иако министерот Бујар Османи изјави дека ФФМ има право да го задржи своето старо име, поради тоа што не се финансира од државата, Заев им вети на Грците дека ќе издејствува Федерацијата.
Comments are closed for this post.