По само една година и четири месеци на власт Заев и СДСМ се во ситуација да бидат дел од влада во која ќе има и министри од ВМРО-ДПМНЕ. Неуспехот на референдумот оваа варијанта ја наметнува како една од опциите за излегување од политичкиот ќорсокак во кој влезе Македонија. Доколку власта не обезбеди двотретинско мнозинство во собранието за договорот со Грција. Токму изборите се условени со “пржинската влада” која би ги спровела без оглед колку таа ќе трае. Во неа двајца министри и тројца заменици би се избрале на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претходно и Заев би требало да поднесе оставка од премиерската позиција и на негово место да биде поставен технички премиер на предлог на владејачкото мнозинство. Измените на Законот за влада предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на изборите за пратеници, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на изборите, предводена од техничкиот премиер.

ВМРО-ДПМНЕ  по претходен договор со СДСМ би добил министри за внатрешни работи и труд и социјална политика како и дополнителни заменици министри за земјоделие, финансии и информатичко општество и администрација. Власта пак ќе има дополнителни заменици министри за внатрешни работи и труд и социјална политика. Дополнителните заменици министри при претходната влада за спроведување на изборите имаа право на вето.

Различното толкување на приоритетите во Законот за Влада и Уставот се причина да не е се уште јасно колку би траела привремената влада, 100 или 60 денови.

Доколку се оди на редовни избори пржинската влада фунционира 100 денови. Но ниту еден закон не може да биде посилен од Уставот. Уставот предвидува можност Собранието да се распушти.Во тој случај изборите мора да се случат за најмногу 60 денови.60 денови се помалку од 100. Меѓутоа ниту еден закон не може да биде појак од уставната одредба. Ќе ги почитуваме законите, да не бевме такви можевме и минатиот пат да не договориме за Законот за влада. Сакаме да ги почитуваме договорите, сакаме да ги почитуваме законите и од тие причини рековме ќе одиме на рокови кои согласно уставот се рокови за предвремени избори.Во рамките на тие рокови пржинската обврска останва, вели министерката Радмила Шекеринска.

Иако по преговорите на политичките партии во Клубот на пратеници годинава, овој модел беше договорен за сите следни избори.

На една од последните лидерски средби се договоривме кога ќе дојде ред за редовни парламентарни избори или редовни парламентарни избори 100 дена имаме влада која ќе биде по пржинскиот модел. Се разбира тоа е во изборниот законик. Претпоставувам Зоран Заев и групата околу него ќе се обидат и тоа да го прекршат, а тоа значи дека ќе се обидат да толкуваат уставни одредби за брзи избори од 45 до 60 дена, но повторно не може да избега од пржинскиот состав на владата којашто во тој момент би била, но ние инсистираме на почитување на законите. Ако не се почитуваат законите и договореното, тогаш треба да знаат граѓаните во Република Македонија дека тоа што е договорено не се почитува односно повторно има индиции за нова масовна кражба на гласовите на граѓаните во Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за Алфа ТВ.

Пржинската влада за прв пат беше договорена во Јули 2016 за изборите на 11 Декемврии 2016, речиси 11 години по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.