Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во Студио 10 истакна дека можно е и без британскиот сој на коронавирусот да се зголеми бројката на заразени, зошто сме олабавени повеќе сега.

Ќе има и уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на движењето на епидемијата која сиима свој предвидлив тек. Ништо спектакуларно нема со откривањето на човек пациент кој бил инфициран со британскиот сој. – вели Петличковски.

Тој вели дека нема простор за паника, иако овој сој е позразени и во оваа фаза имаме постигнато солидно ниво на колективен имунитет и ни недостасува малку додаток на уминиација со вакцини. Британскиот сој не е присутен од вчера тука, туку е присутен месеци наназад. Тој смета дека е доцна за воведување на рестрикции кои ништо не би смениле. Нема разлика во клиничката слика, а фокусот треба да се стави на вакцинација на поголем број на луѓе.

Овој вирус е со пониска стапка на мутации од вирусот на грип. – смета Петличковски.

Со овие детектирани варијанти, имуниот систем ги препознава тие варијанти и вакцините ги покриваат новите варијанти. Петличковски смета дека треба сериозно испитување на вакцините и тоа со месеци.

Истражувањето на вакцините не завршија со ставањето во промет на вакцините. Постојано се следи состојбата и има постојани напредни алгоритми која може да предвидат која мутација каква реална промена ќе направи на вирусот како ќе го свитка неговиот генетски матерајал и како тоа ќе влијае на контактот со антителката кои се произведуваат од вакцините. – вели Петличковски.