Петицијата од вработените во Државниот пазарен инспекторат за поддршка на директорот Стојко Пауновски,  денеска како што најавија ќе ја депонираат во владата од каде бараат и средба со премиерот Заев.

Неизвесно е како ќе резултира случајот со првиот човек на Државниот пазарен инспекторат по најавите на премиерот Заев дека со постапката да не прима луѓе со распоредување од ка пет програмата на владата во инспекторатот, се создала основа за негово разрешување. Паралелно со ова владата во саботата вечерта дистрибуира соопштение во кое се наведува дека Пауновски не ја прилагодил систематизацијата за новите лица од програмата за распоредување , во законски утврдениот рок од 30 дена. Во изјава за Фокус пак, Пауновски кусо коментира дека тој работел според законот и поинаку не можел и не сакал и дека ако сакал премиерот слободно нека го разрешел.