По објавувањето на уставните амандмани во Службен весник на РМ и по стапувањето во сила на Договорот со Грција, откaко ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, граѓаните ќе имаат рок од пет години или најдоцна до 2024 година, да ги сменат личните документи со нови во кои ќе стои новото име на државата „Република Северна Македонија“. Согласно новите амандмани, во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Наспроти личните документи, многу побргу ќе оди промената на регистарските таблички на возилата со нови ознаки. Зашто, тие ќе се менуваат при регистрацијата на возилоата, што се врши секоја година. Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК.

Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останатата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните, кои нема да истечат во дадениот рок, иако тоа нема да биде на нивен товар, барем според досегашните најави од страна на Владата. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.