Моето име се врти како едно од потенцијалните имиња на можни кандидати за градоначалник на град Скопје. Јас сум нависитина горд за ова, бидејќи претставува огромна чест да го водиш Скопје. Секако дека е еден посакуван предизвик. Вие знаете дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме навистина голема партија, и затоа сметам дека кој и да биде кандидат од нашата партија ќе биде градоначалник на Скопје. Нашиот пристап е аналитички пристап, ќе видиме што ќе каже аналитиката, односно анкетите, ќе го прашаме и членството и кој и да биде кандидат-дали ќе бидам јас, или некој друг, мислам дека сите ќе се поддржиме едногласно меѓу себе и градот ќе го направиме многу поубаво место за живеење, во споредба од тоа што е сега. До тогаш, верувајте, навистина имаме многу предизвици во Министерството за локална самоуправа, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински, зборува во ексклузивното интервју за порталот на албански јазик Лидери.мк.
Во голем дел од интервјуто министерот Перински се осврнува на тешката состојба во која се наоѓа градот Скопје, најавувајќи одредени мерки за подобрување на состојбите, иако се жали дека актуелното раководство на градот одбива секаква комуникација, и дека од тоанајголема штета имат граѓаните.
Во интервјуто Перински се осврнува и на планираните измени на законот за локална самоуправа, најавувајќи многу новини во овој закон кој е на функција од 2005 година, а како главни новини секако дека ја споменува можноста в иднина градоначалниците да можат да бидат отповикани преку референдум.
Целото интервју може да го следите во видеото во продолжение:
Comments are closed for this post.