Претседателот Стево Пендаровски е оптимист дека до крајот на годината ќе завршат ратификациите на земјите членки и оти ќе станеме и формално членка на НАТО. Тој не очекува да има политички проблеми бидејќи станува збор за технички процес.

На немирниот Балкан е многу битно да бидеме во таа организација. До сега за нас постојано поставувано прашање беше дали ќе ја биде државата, дали ќе се случи нешто. Со влегувањето внатре под тој безбедносен чадор ние добиваме висока гаранција, не стопроцентна се разбира бидејќи многу работи зависат и од нас внатре, но добиваме висока гаранција и извесност од најмоќните држави на светот и најмоќните економии дека ќе реагираат ако нешто не дај боже искрсне лошо ќе реагираат со тој заеднички маханизам за превенирање на конфликти и кризи што е многу битно-вели Пенаровски.