Едно општество за сите и евроатлантско интегрирање, а не изолација и поделби. Тоа е мојот концепт. Доста ни е од 30 години транзиција, од мрачниот тунел на криминалот и од режимот на фамилијата, рече кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски, на вечерашната средба со граѓаните во Тетово.
Фокусот на обраќањето Пендаровски го стави врз, како што рече, тешките одлуки што оваа владејачка гарнитура ги донесе.
„Оваа генерација политичари мораше да донесе одлуки што не ги го донел никој 30 години. Главната опозициска партија и пред и по првиот круг од изборите продолжува со жестока пропаганда врз трите главни столба на државата. Упорни се, особено нивниот кандидат, да поништат се што оваа структура направи, заговараат ревизија на сите договори“, истакна Пендаровски.
Comments are closed for this post.