Овие избори се пред сѐ битка во која мораме да обезбедиме државата да продолжи напред. На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина“, порача денеска кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Тој вели дека за оваа одлука секој човек е важен, сечив глас е важен.
Важен е гласот во кутијата, но и гласот што во првиот круг остана дома. И едниот и другиот глас праќаат јасна порака и таа порака е примена. Ве уверувам дека гласно ќе ја критикувам секоја власт која нема да ги слуша потребите на граѓаните, ќе го осудувам секој кој ќе посегне по нивните права, кој ќе работи против демократијата и правдата и ќе се обиде да поттикне поделби и конфликти. Јас силно верувам дека само обединети и заедно можеме да одиме напред“, вели Пендаровски.
Според него кристално е јасно дека најголем дел од граѓаните, и од тие што гласаа и од тие што останаа дома се определени за европската иднина на нашата земја, за членство во НАТО и ЕУ, за пријателство со соседите.
Во име на овие заеднички вредности и цели ве повикувам во недела на 5 мај да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 3. Од седење дома единствено корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, Мицкоски и Груевски. Режимот не смее повторно да добие шанса“, рече Пендаровски.
Comments are closed for this post.