Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) по направената анализа на 10 предмети за постапка за вработување од 2004 до 2019 година на денешната седница констатира елементи за непотизам или влијание при вработувањето на блиски лица.

По овие предмети, во кои се користело дискреционото право на директорите во институциите согласно Законот за работни односи за избор при вработувањата, а не постојат во најголем дел и документи за извршена селекција врз основа на бодирање и ранг листа, ДКСК нема надлежност и можности да покренува постапка. Сепак, Антикорупциска, од каде посочуваат дека се работи за „владеење преку правото“, ќе бара измени во Законот за работни односи затоа што остава простор односно генерира непотизам, како и исклучување на Агенциите за привремени вработувања во јавниот сектор, како еден од вентилите, како што рекоа, за згрижување блиски лица.

Четири случаи, од овие 10, се однесуваат на АЕК, по еден случај е за ЕЛЕМ и за Телеком, два предмети се за Централен регоистар, еден за ЈП Водовод и канализација – Скопје и еден случај за ЦУК. За едно вработување во МВР, ДКСК очекува дополнителни информации.