Со добивање датум за почеток на преговори со ЕУ државата ќе користиме 900 милиони евра годишно за развој, голем дел за земјоделството, затоа е важно земјата да просолжи напред, истакна Стево Пендаровски на средбата со жителите на Чешиново – Облешево и Пехчево.

Претходната власт нѐ врати 30 години назад, Груевски не раскара со сите соседи, сега немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Ние не бегаме од решавање и на најтешките проблеми. Влезот во НАТО и ЕУ носи безбедност, просперитет и нови работни места. Затоа, да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци.”, истакна Пендаровски.