Оваа држава може да оди напред само ако сите заедно одиме напред, порача кандидатот за претседател од владејачката коалиција, Стево Пендаровски, пред граѓаните на Центар.
Како што потенцира Пендаровски, по сите голготи и долг период од триесеттина години транзиција мора да се соберат сите креативни сили на едно место, затоа што само така може да се фати чекор со модерниот свет.
Пендаровски истакна дека тој и тие што застанале позади него нудат чекорење напред, за разлика, од кандидатот што го подддржа опозицијата, за кого тој смета дека нуди назадување.
Тие зборуваат за поништување на Договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците. Тоа значи сигурен рецепт за назад, а ние многу добро знаеме што значи назад и како беше во изминатите години на нивно владеење кога живеевме во неправди и темнини – изјави Пендаровски.
Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, го оцени како срамно владеењето и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов во изминатите години. Пендаровски најави дека нема да се однесува како него и дека пред се ќе се води од интересите на сите граѓани, а не оние кои го поддржале или гласале за него.
Пендаровсдки изјави и дека ќе се обиде да направи се што е во рамки на неговите надлежности, земјава да стане место на живеење во кое младите ќе може да си ја најдат својата среќа, а дури потоа да размислуваат за заминување надвор. Според него, се случува млади да заминуваат и од земјите членки на ЕУ и НАТО, како Хрватска на пример, но како што смета, тие тоа го прават бидејќи имаат избор, а не затоа што се приморани.
Comments are closed for this post.