Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во видео обраќање до граѓаните ја коментира важноста на денешната посета на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас и градењето пријателства. Пендаровски смета дека посетата е од историско значење, дека придонесува за стабилност во регионот и побрз економски развој за нашата земја.
Посетата на премиерот Ципрас со делегација од 70 компании е од историска важност за нашата земја. Новото пријателство кое го градиме меѓу двете земји, не само што ги стабилизра односите на Балканот, туку овозможуваат брз економски развој на нашата земјата. Денеска покажавме дека само со силна воља, лидерство и визија може да се прават големи чекори напред„ – вели Пендаровски во видеото.
Пендаровски вели дека вратата кон сигурна иднина е отворен и дека граѓантие на 21 април имаат можност да изберат дали ќе продолжиме напред кон подобар живот или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме застанати со години.
Вратата кон сигурна иднина е отворена. Градиме мостови и пријателства со соседите, наскоро влегуваме во НАТО и започнуваме преговори со Европската унија. Можеме да избереме дали ќе продолжиме напред кон подобар живот за сите граѓани или ќе ја затвориме вратата и ќе останеме во истото место каде што сме со години. Верувам дека изборот на 21 ќе биде заедно да продолжиме напред!“
Денеска Пендаровски кампањата ја продолжува во скопско, ќе се сретне со жителите на Сопиште, Студеничани, Центар и Аеродром.
Comments are closed for this post.