Вториот ден од кампањата за претседателските избори активностите на кандидатите земаат замав. Kандидатите на коалициите предводени од двете најголеми партии, имаа средби со жителите на по неколку општини.
Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, своите активности ги имаше во скопско, каде што ги посети Аеродром, Центар, Сопиште и Студеничани. ПОд централниот митинг во Аеродром, Пендаровски истакна дека се залага за концепт „Македонија како едно општество за сите“, затоа што тој концепт е единствениот продуктивен за држава во немирното балканско опкружување и држава со етничка и религиозна разноликост каква што е Македонија.
За среќа се појави нова генерација македонски политичари која реши да не ги става проблемите под тепих и што е многу поважно, по цена на сопствената популарност на својот политички рејтинг и можност да ги загуби следните избори, да ги реши најголемите проблеми кои оваа држава ги има и тоа го направивме. Таквата политика вроди со плод, а тоа се гледа и од првата посета на еден премиер на Грција – посочи Пендаровски.
Кандидатката за претседател од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, го посети југозападниот дел од земјава, односно Вевчани, Дебарца, Струга и Ресен. Од таму, Силјановска порача дека Македонија е се што имаме, затоа што нема друг избор. Таа се задржа на промената на уставното име на државата посочувајќи дека името е врзано за нацијата, за луѓето, за Македонците.
Ние немаме друга Македонија. Не постои Репубика Јужна Макеоднија. Смешно е некој да помисли дека од територијата сме го добиле името. Ако сме опстоиле и во Отоманската империја и во сите битки и ако сме положиле темел на модерната антифашистичка Европа. Ако на 8 септември гласавме за Македонија во огромен број, како тогаш без болка да ја читаме преамбулата во која пишува дека илинденците и партизаните се бореле за Северна Македонија, дека на 8 септември сме гласале за Северна Македонија. Не, Северна е нивна, а Македонија е наша, рече професорката Силјановска.
Според Силјановска, името е најважниот идентитетски знак и кога се работи за индивидуа и кога се работи за држава.
Comments are closed for this post.