Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, зад којa стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму – објави на својот фејсбук профил националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, по потпишувањето на пристапниот протокол.

 

Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата – напиша Пендаровски.