Mолдавија и Украина не добија одлука за почеток на преговорите туку до март следната година треба да се изработи Преговарачката рамка  под услов да ги завршат условите кои им ги поставија.Односно услов за услов.ЕУ само прати симболичка порака на држава која е во војна и и друга која е со 1200 руски војници на своја територија дека не се заборавиме но за жал од преговори нема да видат ништо уште години и години, oбјасни претседателот Стево Пендаровски за неговата лоша прогноза за исходот на Самитот на ЕУ.

Според него ова е еден вид на политичка флоскула која не значи ама баш ништо и практично преговори нема да бидат отворени.

Ова значи лошо за нас-искрен е Пендаровски.

Тој вели дека е сѐ потешко да ги убедува граѓаните по она што го прави ЕУ во однос на Македонија.

Што ќе им кажам сега?Ние име на држава сменивме.Клучните европски лидери 2018 година велеа уште ова и почнувате преговори.Се плашам дека во целиот регион има перцепција дека Европската унија нѐ мами-предупредува претседателот-вели шефот на државата во емисијата „Само вистина“

Тој се прашува и доколку Украина почне преговори во кои граници ќе преговара.

Замислете утре ЕУ да преговара, како ќе се одвива скринингот во Донбас или на Крим.Јасно е дека станува збор за шашма која им ја продаваат на тие луѓе во трагична ситуација но како овде на Балканот како ќе објасниме.

Пендаровски е искрен и зошто претседателот на Бугарија Радев не го станаа да отиде на кафе како што тоа го направи премиерот на Унгарија Орбан.

Затоа што не сакале да го станат а гледаме дека можело.Сила бога не моли, ние сме мала држава и на вакви комбинации од големите сили сме навикнати со векови наназад.