Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово. Министерот за транспорт и врски, пак, Благој Бочварски ќе ја прими првата доза вакцина против Ковид -19 на вакцинален пункт во Штип.

На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се вакцинираат вицепремиерите за економски и за европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи, за правда, за финансии, за економија и за локална самоуправа, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.

По вакцинацијата, предвидено е изјава да дадат претседателот Пендаровски, министрите Бочварски и Маричиќ и вицепремиерот Димитров