Новиот претседател Стево Пендаровски во Вила Водно ја презема должноста од досегашниот претседтел Ѓорге Иванов.
Церемонијата беше со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски одржаa тет-а-тет средба. Потоа следуваше и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на претседателот.
Пендаровски имаше и билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, на Србија, Александар Вучиќ, на Албанија, Илир Мета и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Новиот претседател на државата имаше билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.
Comments are closed for this post.