Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беа на трибина во Чаир.
На трибина со граѓаните на скопската општина Чаир, беа потврдени клучните заложби на Пендаровски, да продолжи изградбата „Едно општество за сите“ и интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, како и дека е тоа можно само „Заедно Напред“.
„Здраво, Мирдита, доаѓам во мојата општина и во моето маало. Да гласаме за држава членка на ЕУ и НАТО, дел од современиот развиен свет, оваа држава само вака може да просперира. И сите да имаат исти права. Или сите ќе имаме исти права, или нема среќа за никој од нас. Немојте да дадеме шанса на концепти погубни за нашата држава“, повика Пендаровски.
Лидерот на СДСМ порача дека мултиетнички Чаир е пример за убавината на мултиетничка држава.
Comments are closed for this post.