Односите меѓу Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави. Ова било нагласено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.
Пендаровски, како што информираат од Кабинетот, истакнал дека Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на државата во НАТО.
Двајцата соговорници го потенцирале значењето на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, во насока на негова целосна интеграција во Европската унија, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Comments are closed for this post.