Актерката Јана Стојановска вели дека нејзината мајка, Силвија Стојановска, нема никаква врска со шверцот на дрога.
Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но само кратко, зошто брзо е установено дека таа нема никаква врска со диловањето дрога. Таа е доведена во ова поради братот на нејзиниот соруг, кој е осомничен за шверц. Мојата мајка без причина ја нападнаа и приведоа, таа е невина, вели Стојановска за српска „Република“.
Додава и дека ова нема да ја наруши долгогодишната кариера на мајка ѝ.
Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа истрагата ќе го покаже. Она што знам е дека мојата мајка нема никаква врска со криминал. Се чувме после сослушувањето, прво се потресла, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но после тоа ќе бараме да се брани од слобода, вели Јана.
Comments are closed for this post.