Демократската Унија за Интеграција Ве известува дека во согласност со донесените одлуки на последната седница на Раководството и Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција процесот на регистрација и на регистрација на членството на ДУИ започна и ќе продолжи до крајот на месец март оваа година.

Ја имаме честа да Ве поканиме да се зачлените и да станете дел од најголемата политичка партија на Албанците во земјата  – Демократска Унија за Интеграција.

Регистрацијата  на членството се врши и online на www.bdi.mk  или  во сите месни одбори и ограноци на ДУИ во секое населено место, како и во седиштето на партијата во Тетово и Скопје.

Демократската Унија за Интеграција  повторно ги отвара вратите за сите граѓани за заедно да го изградиме ДУИ на следните две децении како заедничка вредност на сите граѓани.

Од самиот почеток до денес и секогаш, но и во иднина, Вие сте ДУИ.

Придружете се!