Опседнатоста на СДСМ со Никола Груевски нема крај.  Откако во медиумите  почнаа да спинуваат  информации дека паричникот кој вчера за време на ТВ дебатата  лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски му го подари на екс премиерот Зоран Заев, чини 440 долари и бил купен во Будимпешта, вистината е сосема поинаква.

Економски  Лидер дознава дека паричникот чини цели 200 денари и е купен од Битпазар.

Од  ВМРО ДПМНЕ дознаваме дека паричникот е купен од Битпазар за цена од 200 денари. Од партијата порачуваат дека доколку му е криво на Заев што не го прими поклонот , во разумен рок се нудат на набават нов и тоа секако празен, бидејќи парите од Луи Витон торбата се кај Заев, на сигурно.