Од паркот „Жена борец“ во Скопје почна Парадата на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе.

На Парадата се присутни поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата треба да заврши во Градскиот парк.

Паралелно, со Парадата на гордоста, во Скопје се одржува и граѓанско-верски собир „Сведоштво за семејството“ кој е насочен кон заштита на брачните, семејните и верските вредности.