Ако издржат болниците со вакви мерки, мислам дека се доволни за да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана. Нема доказ да се поврзе тромбозата со таа вакцина. Треба да се види дали е коинциденција. Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100“ – вели проф. д-р Никола Пановски, микробиолог во Студио 10 на ТВ24.
Пановски: Ако издржат болниците со вакви мерки, мислам дека се доволни за да се спаси економијата
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.