Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната поддршка на САД за Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива – порача денеска специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Тој, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, изрази задоволство што е повторно во Скопје и како што рече, има можност да се види со пријатели и да разговара за последните случувања во регионот и Европа.
Доаѓам веднаш по ратификацијата на протоколот за НАТО членство од американскиот Сенат. Ова е најповолно време да се биде тука, исто така, по неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео. Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива – порача Палмер.
Ова е прва станица, рече Палмер, по што следува посета на Белград, Приштина и Атина.
Comments are closed for this post.