Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер ги започна средбите со државниот врв.Првата средба е со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а попладне ќе има средба и со премиерот Зоран Заев. Импементација на Договорот од Преспа а со тоа и започнатите уставни измени ќе бидат главна тема на разговорите на американскиот дипломат во Скопје.

Негова специјалност е Европа и регионот и на позицијата дојде на местото на нам добро познатиот Хојт Ји. Името на Палмер се споменуваше како „булдожер“ кој треба да помогне да се дојде до потребното мнозинство доколку во петокот немаше доволен број пратеници.