Земјите членки на Европската Унија денес веројатно ќе им дозволат на Македонија и на Албанија да почнат преговори за членство, но нема да определат датум за тоа, јавува новинската агенциа Ројтерс.
Доколку одлуката биде донесена денес, и потврдена од шефовите на
државите и владите, Македонија би можела да очекува датум за отворање на преговорите некаде во текот на годинава, додека за Албанија тоа ќе зависи од исполнувањето на условите, јави британската новинска
агенција.
– Одлуката сепак нема да содржи датум за конкретно отпочнување напреговорите. Дипломатските извори очекуваат за „Северна“ Македонија тоа да биде во текот на годинава, но не и за Албанија, која се сметаза по-проблематичен кандидат. За двете земји процесот би траел со години, јави Ројтерс.
Македонија е кандидатка за членство од 2005 година, но се уште нема добиено датум за преговори.
Comments are closed for this post.