Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска за прв пат изнесе детали за Францускиот предлот поради кој не можеме да почнеме преговори со ЕУ. Филипче објасни дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе договорениот предлог само им го прочитал пред тамошното раководство на „Бихаќка“.

Францускиот предлог тука го презентирал на состанокот на Извршниот одбор Бујар Османи, и Андреј Петров сега вика па зошто Венко збори за Францускиот предлог? Па што кажа тој кога го презентираше Бујар Османи? Се побуни? Имаше став? Тогаш беше добар или тогаш беше лош? Или каков беше тогаш Францускиот предлог?“, рече Филипче.