Она што прво го прават македонските граѓани кога ќе видат календар за годината е да проверат колку има неработни денови. можеме да ви кажеме уште отсега да се подтотвувате каде ќе заминете.
Првиот продолжен викенд в година ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник.
Неработниот ден за 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.
Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.
За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.
Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.
Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.
Comments are closed for this post.