Едно лице е убиено вечерва во угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево,објави “Независен”. Во текстот се наведува дека е убиен 64 годишниот сопственик на локалот М.С, но засега нема информации за убиецот.

Сопственикот бил избоден до смрт со нож по кратка расправија со напаѓачот. Мотивите засега не се познати. Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента.