За Синофарм вакцините единствена информација за цена е од август лани според која една вакцина би чинела 148 американски долари иако уште тогаш било прогнозирано дека цената ќе оди надолу, објави Телма.

Македонските власти (како и во Унгарија и Црна Гора) се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина.

Според веб сајтот биоспејс каде се објавени истражувања за цени и ефикасност на повеќе вакцини, најефтини се оние на Џонсон и Џонсон кои се уште не се одобрени и не се користат и чинат 10 долари, руските Спутник чинат 10 долари за една од потребните две дози, а втората кинеска вакцина, синовак чини 30 долари за извоз, а дупло повеќе за домашниот кинески пазар.

Фајзер за првите 100 милиони дози во САД ќе чини 19 и пол долари по доза.

Вакцините на Модерна и на Астра Зенека според овој сајт чинат меѓу 25 и 37 долари по парче. На веб сајтот биоспејс нема информација за цена на Синофарм која ја набави Македонија.

 

извор: Телма.