Славиша Жунгул беше еден од најдобрите фудбалери во поранешна Југославија. Во 70-тите години од минатиот век, Жунгул важеше за голема фудбалска ѕвезда во СФРЈ, а беше член на најтрофејната генерација на Хајдук од Сплит. Во југословенскиот фудбал имаше правило дека играчите под 28 години не можат да одат во странство. А особено ако не отслужиле воена служба. Во 1978 година, на 27-годишна возраст, Жунгул ја напушти Југославија и отиде во Соединетите Американски Држави со изговор дека преку зимата ќе игра мал фудбал.
Неговото бегство беше скандал од прва класа во тогашната комунистичка земја. Хајдук се жали до ФИФА, а таа му забранува на Жунгул да игра фудбал, па тој почнува да игра фудбал во сала за Њујорк Ароус, за што ФИФА не е одговорна. Славиша брзо стана ѕвезда во САД, неговите фотографии се појавија на насловните страници на Њујорк Тајмс, Њузвик, а тој стана дел од џет-сетот и модерниот живот на Њујорк. Во тоа време се зборуваше дека бил чест гостин на легендарниот ноќен клуб во Њујорк „Студио 54“.
Славиша отпатува во Америка со пејачката и модел Мони Ковачиќ, која тогаш важеше за една од најубавите жени во Југославија. Нивната врска не траеше долго, тие раскинаа и секој си тргна по свој пат.
Comments are closed for this post.