На учениците им е здодевно да одат во училиште, досегашниот пристап не им е интересен, тие се навикнати на дигитализација уште од најмали нозе, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната конференција за новинарите, која присуствува на обука наменета за обучувачи на наставници за основните принципи на новата Концепција за основно образование и начинот на примена на новите наставни програми за прво и четврто одделение.

Министерката посочи дека учебници и натаму ќе има, но преку електронските учебници мора да се подготват учениците за свет без хартија.

Да не потклекнуваме на неточни информации, можноста за фотокопирање на учебниците постои, но мораме да ги подготвиме учениците за свет без хартија. Дигитализацијата во образованието е нешто што се случува секаде во светот додаде Царовска.