Лидерската средба закажана за утре, нема да се одржи бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја одби поканата и нема да присуствува, објави „Дојче Веле“, повикувајќи се на извори од СДСМ. Како што кажа премиерот Зоран Заев на прес-конференција во понеделникот, на лидерската средба требаше да се разговара за Законот за Јавно обвинителство.
Неофицијално Заев ги известил лидерите на партиите дека е одложена, бидејќи нема логика да се разговара без Мицкоски.
Мицкоски, на прес-конференција во вторникот, кажа дека ќе присуствува на лидерската средба само ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.