СДСМ на Централниот одбор ги избра претседателите на повеќе партиски комисии. Најголемо изненадување предизвика што за претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски.

Во онаа за здравство е избран Венко Филипче, за култура Роберт Алаѓозовски, за надворешни работи Едмонд Адеми, за транспорт Благој Бочварски, за информатичко општество Драган Гоцевски, за европски прашања – Бојан Маричиќ а на Комисијата за економија – Киро Колемишевски.