Вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски за пописот на дијаспората предизивика бура реакции. Дел од политичарите од албанскиот блок во оркестриран напад жестоко се обидуваа да демантираат.
Артан, Груби, Изет Меџити, Арјанит Хоџа се само дел од политичарите од албанскиот блок кои синоќа во паника го напаѓаа Мицкоски, а во обид да ги зачуваат привилегиите и луксузот на позициите продолжуваат со замајување на чувствата на Албанците преку национализам.
Изет Меџити од ДУИ вели дека ова е само уште еден доказ зошто ќе гласа против одложувањето на пописот. Арјанит Хоџа од Беса вели дека Мицкоски може да зборува што сака, но едно е сигурно дека конечниот број на попишани е бројот на сите попишани граѓани во земјава и надвор од неа.
-Законот целосно го демантира. Законот е јасен и нема никаква можност за двојни интерпретации. Дијаспората е дел од нас, се брои, е дел од општата популација и точка. Сите да се регистрираат. Се останато е ситна политичка пропаганда за моментални придобивки, вели Артан Груби.
Законот, сепак е јасен, се попишуваат тие што се со времено живеалиште бидејќи не се одјавиле во Македонија. Оние граѓани кои се одјавиле од Македонија повеќе од 12 месеци од започнување на пописот се евидентираат.
Инаку Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ 21 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе признае единствено попис кој што ќе се одвива според ЕУРОСТАТ методологијата.
Резидентно население и дијаспора се два различни поими.
-Таков тип на резултати ние нема да признаеме, се знае што значи според ЕУРОСТАТ и според методологијата што е прифатена попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население. Јас тоа не го измислувам, тоа е би рекол во првите три реченици во методологијата на ЕУРОСТАТ, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.