Оперативно-техничката агенција прислушкува во моментов 159 разговори со судско одобрение, а меѓу сниманите биле и осомничените во аферата „Рекет“, односно Бојан Јовановски и Зоран Милевски, обелодени денес Зоран Ангеловски, директорот на ОТА. Тој на средба со новинарите напомена дека „разговорите се добиваат со скриен идентитет“.
Емил Димитриев, кој ја предводи собраниската комисија за надзор на ОТА, чии членови денес беа во работна посета на Агенцијата, потврди дека во моментов се прислушуваат 159 разговори.Тие се увериле дека ОТА за сите нив поседува уредна судска наредба.
Директорот Ангеловски појасни дека е можно од активно следените 159 комуникации, постои можност некои од нив да се поврзани со случај „Рекет“.
Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви“, изјави Ангеловски.
Димитриев рече дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран. Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието.
Ангеловски истакна дека ОТА се залага за максимална транспаретност и контрола во својата работа.
Внатрешни контроли правиме на еден месец. Се е максимално чисто и максимално транспарентно. Работиме законски по судска наредба, рече тој.
Comments are closed for this post.