Осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до американската амабсада во која на САД им го честитаат 4 јули, Денот на независноста. Во честитиката упатена по тој повод се вели:

„Почитувана г-ѓа Mикаела Швајзер-Блум, ВД Амбасадор на САД ја користиме оваа прилика Вам, на почитуваниот претседател г. Доналд Трамп, на вработените во Американската амбасада во Скопје и сите Американци да им го честитаме 4 Јули, Денот на независноста во САД, денот кога во 1776 година Конгресот ја донел Декларацијата за независност.

Вие безброј пати покажавте искрена заложба за напредок на нашата држава, поддршка за напредокот на македонското општество, поддршка за Република С Македонија во остварување на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ.

Осумката од НГ од ВМРО ДПМНЕ ја вреднува вашата помош за сите значајни процеси кои значат подобро утре за нашите граѓани и во наше име искрено ви благодариме за стратешкото партнерство кое е од неизмерно значење за демократијата, напредокот и развојот на нашето општество.

Ви упатуваме срдечни честитки од срце, и желба за продлабочување на нашето пријателство, како и мир, благосостојба и развој на вашата држава“.