За законот за Специјалното јавно обвинителство треба да работиме паралелно во два правца, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на законот за СЈО, по состанокот во Владата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на законот.
Паралелно треба да работиме на двата правца – и да се обидеме максимално да постигнеме консензус, бидејќи сепак се работи за област што бара консензус во едно општество, рече Османи.
Испрати порака порака до сите политички партии да не се откажат од барањето консензус до последен момент, но паралелно, како што посочи, треба да видиме и други начини за комуникација директно со тие што ја носат одлуката, а тоа се пратениците.
Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.
Comments are closed for this post.