Воведувањето на системот „Сејф Сити“ ги разгневи српските туристи што транзитираат низ Македонија. Од вчера сите автомобили со странски таблички на граничниот премин „Табановце“ ги чека непријатно изненадување-записник за сторен прекршок кој мора да го платат или пак да го подигнат но со нагласок дека следниот пат нема да бидат пуштени да влезат во Македонија.
Тоа предизвика револт на социјалните мрежи кои коментираат дека следната година во Грција ќе одат низ Бугарија и дека морале на 40 степени да дремат на сонце со мали деца да им го издадат прекршокот. Згора на тоа се жалат дека имало само една куќарка каде се издавале уверенијата и оти целата постапка била многу спора.







Comments are closed for this post.