Нема конфликт меѓу коалициските партнери околку имплементацијата на Законот за јазици, убедува вицепремиерот Бујар Османи.
Според него, ништо што е усвоено од Законот за јазици не може да биде оспорено од Венецијанската комисија и дека комисијата ќе го проценува само неусвоениот член 8.
Немаме недоразбирања, може да има само различни интерпретации за тоа кој член треба да се прати во Венецијанската комисија.Мислам дека тоа што треба да се оценува од Комисијата се двата члена кои се оспорени а нормално е да се поднесе целиот закон за да се провери суштината. Не мислам дека Венецијанската комисија треба да оценува колку и каде треба да се употребува албанскиот јазик.Тоа го одредува Уставот и измените направени после Рамковниот договор-вели Османи во изјава само на Албански јазик.
Денеска и владиниот портпарол Миле Бошњаковски убедуваше дека нема конфликт меѓу коалициските партнери за Законот за јазици
Comments are closed for this post.