Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави денес на брифинг дека Македонија нема да го прати новиот амбасадор на државата во Русија, кој требало да замине на 15 март.
Ваквата одлука Османи не ја стави во политички контест, туку ја поврза со апелот на нашето МНР сите граѓани на Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат бидејќи може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа, поради забраните за лет за Русија.
Инаку, повеќе земји почнаа да ги протеруваат руските дипломати и да ги забрануваат руските пропагандни медиуми. Деновиве руската амбасада во земјава е многу активна на социјалните мрежи со оправдувања за „специјалната операција“ во Украина.
Comments are closed for this post.